Login Accedi ^
Italiano
Registrati
Registrati su Weekeep! Trova i tuoi amici di Facebook, organizza i tuoi viaggi e visita oltre 1.000.000 eventi in tutto il mondo!
Accedi con Facebook
Accedi con Google+
Facebook Google+
X
RISULTATI
MAPPA
DETTAGLIO
$mapTile_Titolo
$mapTile_Immagine
$mapTile_Indirizzo
$mapTile_LastMinute
$mapTile_Durata
Località
Dormire
Mangiare
Offerte Speciali
Eventi
Mostra tutte le 7 categorieMostra meno categorie
Mostra tutte le 11 LOCALITAMostra meno località
Mostra tutte le 23 sistemazioniMostra meno sistemazioni
PREZZO : da € a
OSPITI :
CAMERE :
STELLE : da a
Mostra tutte le 13 categorieMostra meno categorie
Mostra tutte le 13 categorieMostra meno categorie

Red Bull Doodle Art Macedonia

Skopje, Macedonia Skopje, Macedonia (FYROM)
Google+

Red Bull Doodle Art се враќа на факултетите ширум светот

Биди спремен со лист и пенкало, затоа што Red Bull Doodle Art се враќа повторно на твојот факултет. По седум навистина успешни години, овој иновативен натпревар се враќа во 2014та да го крене “шкртањето” на повиско ниво, кулминирајќи – за прв пат во својата историја – во единствена глобална галерија, прикажувајќи ги најдобрите дела од целиот свет.

Red Bull Doodle Art ќе ги спои заедно најдобрите шкртачи на изложбата која ќе се оддржува во Кејптаун, од 24ти до 26ти октмври. Јужноафричкиот град е избран за World Design Capital за 2014та.

Каде тебе ти лета паметот? Кејптаун?

1. Земи Red Bull Doodle Art лист на твојот факултет или истиот превземи го на www.redbulldoodleart.com.
2. Ослободи го умот и претвори ја твојата шкртаница во вистинско уметничко дело.
3. Регистрирај се на www.redbulldoodleart.com и прикачи го твојот цртеж за да се најде во online галеријата.
4. Сподели го на твојот профил, собери најмногу лајкови, па можеби ти ќе леташ за Кејптаун.

Гласањето ќе се одвива на www.redbulldoodleart.com, од каде што 20те цртежи со најмногу лајкови ќе продолжат во финалето. За дваесетте финалисти ќе биде одржана изложба, на која стучно жири, составено од Јована Зука - модна блогерка, Горан - Indog - илустратор и Димитар Петровски - Дими - фотограф, ќе одлучи кој ќе биде победникот.
Вредни награди ќе има и за второто и трето место.

Изложба
6-7 јуни, Градски парк, Skopje Street Festival
https://www.facebook.com/SkopjeStreetFestival


Прогласување на победникот и доделување награди - 07.06.2014, Градски парк, Skopje Street Festival
https://www.facebook.com/events/317911211689515/

Правила - Red Bull Doodle Art 2014

Текот на Red Bull Doodle Art натпреварот ќе се одвива на следниот начин:

- Твојот цртеж мора да биде изработен на Red Bull Doodle Art лист, кој може да се набави на факултетите или да се превземе од www.redbulldoodleart.com

- Цртежот може да биде нацртан во било која боја, со било која алатка, па дури и дигитално, користејќи компјутер, додека стилот на цртање е ограничен на “шкртање” (Doodling).

- Цртежите ќе се собираат од 12.05. до 29.05. на полноќ, и неоподно е цртежот да биде прикачен на страната www.redbulldoodleart.com

- Гласањето ќе се одвива преку веб страната и преку Facebook, а ќе трае од 30.05. до 03.06. на полноќ.

- Дваесетте најдобри дела – со најголем број гласови , влегуваат во финалето и ќе учествуваат на изложбата на која жирито врз основа на: собраните гласови, стилот и креативноста ќе одлучи кој ќе биде победникот кој ќе оди во Кејптаун.

- Победникот на глобално ниво ќе ја има честта да дизајнира принт за маичка од новата колекција за гардероба на Red Bull Online Shop – от за 2015та година.

Останатите правила:

1. Неопходно е учесниците да бидат постари од 18 години.

2. Прифаќајки го учеството во овој натпревар, учесниците се обврзани да ги почитуваат сите правила на натпреварот. Во спротивно, организаторот има право да ги дисквалификува оние кои нема да ги почитуваат правилата.

3. Вработените во Red Bull, учесниците во организацијата или семејството на организаторот немаат право на учество во натпреварот.

4. Организаторот има право во било кој момент да ја провери исправноста на пријавата на учесникот и неговите податоци, но има и право да повлече од учество невалидна пријава.

5. Ако организаторот одреди дека победникот на натпреварот не ги исполнил условите за да ја освои наградата, организаторот има право истата да ја додели на следниот учесник со најголем број гласови.

6. Сите дела, идеи и цртежи приложени на организаторите во текот на натпреварот стануваат сопственост на Организаторот (Интелектуална сопственост на Организаторот). Организаторот го задржува правото на репродукција и апликација на делата на промо-материјали.

7. Учесникот се обврзува да учествува во сите промотивни кампањи на овој натпревар, како и во сите статии за весници и ТВ емисии. Собраните цртежи во текот на натпреварот и видео снимките може да се користат од страна на организаторите.

8. Ако од било кои причини, организацијата на натпреварот не оди според правилата, организаторот има право да ги промени правилата на натпреварот и правилата за учество во натпреварот.

9. Организаторот го задржува правото на превземање и користење на името и презимето на учесникот и негово публикување во јавноста за потребите на натпреварот.

Veniteci a trovare
dal 12 maggio al 7 giugno 2014

Che Tempo fa

Recensioni

Caricamento...
Caricamento...
In questa zona i nostri Partner offrono: